Barış Gündoğan
24 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
АНКАРА
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во Анкара изјави дека владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) претставува единствена политичка партија во целиот свет со 13,5 милиони членови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Спортската сала во Анкара денес се одржува 7. голем редовен конгрес на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија).
Делегати, новинари, лица со попреченост и аналитичарите веќе го зазедоа своето место во салата, а на собраните симпатизери пред салата се обрати претседателот на Турција и претседателот на АК Партија, Реџеп Таип Ердоган.
Тој рече дека АК Партијата е единствена партија во Турција, но дека ниту во целиот свет нема таква политичка партија.
„Бројот на членовите на нашата партија достигна 13.500.000. Не само во Турција, ваква политичка партија нема никаде во светот. Партија сме со речиси милион млади членови, со повеќе од пет милиони жени членки", рече Ердоган.
Тој најави дека на Конгресот ќе бидат усвоени измени на партискиот Статут, вклучувајќи и зголемувања на бројот на членовите на Централниот извршен совет (MKYK) од 50 на 75.
„Покрај тоа, воведуваме и термин на резерва во кој ќе бидат 35 лица, но тие нема да бидат резерва по страна, туку ќе работат заедно со другите членови", рече Ердоган пред да влезе во салата во која е дочекан со овации.
Конгресот се одржува со силни безбедносни мерки, а воедно обраќање ќе има и заменик претседателот на АК Партијата Еркан Кандемир.
Ердоган ќе се обрати на Конгресот, а ќе говори за плановите на АК Партијата за иднина.
АК Партијата е на власт во Турција од 2002 година. Заслужна е за големиот економски развој на земјата, а меѓу поголемите реформи што ги спроведе, секако е преминот на Турција од парламентарен во претседателски систем на управување.