Beyza Binnur Dönmez
21 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев во пресрет на неговата оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турскиот претседател Ердоган на казахстанскиот претседател во заминување му кажа дека одлуката да ја напушти функцијата претседател ќе биде во корист на државата и казахстанскиот народ“, се вели во соопштението на директорот за комуникации на турското Претседателство.
Казахстанскиот претседател во вторникот ја најави својата оставка, откако беше лидер на земјата од нејзината независност во 1991 година.
Пред изборите за неговата замена, претседателските должности ќе ги извршува Касим-Жомарт Токаев, претседател на казахстанскиот Сенат.