Aysu Biçer
14 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Со лансирањето на националниот сателит за надзор ИМЕЏЕ следниот јануари и „Турксат 6А“ во средината на 2023 година, бројот на сателити на Туркије во вселената ќе достигне 10, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на церемонијата за пуштање во функција на сателитот „Турксат 5Б“ во главниот град Анкара, Ердоган даде информации за најновите случувања во вселенските активности на земјата.
„Сателитот Турксат 5Б ќе го направи нашиот телевизиски и широкопојасен сателитски капацитет непрекинат од Африка до Блискиот Исток и Азија“, истакна тој, велејќи дека овој сателит ќе обезбеди поддршка за службите за катастрофи и итни случаи за одржување на комуникацијата во руралните и планинските области.
Ердоган рече дека има технички тешкотии во пристапот до програмите за образование на далечина поради недоволната интернет-инфраструктура.
„Овој проблем исто така ќе исчезне. Сателитот Турксат 5Б ќе служи 30 години."
„Преземаме чекори кои ќе ја доведат нашата земја на нивото што го заслужува на секое поле“, рече тој, додавајќи дека сателитските технологии се една од овие области.
„Турската Влада направи симболичен чекор во оваа насока со официјално менување на името на земјата од „Турција“ во „Туркије“, во сите комуникации и активности за зајакнување на националниот бренд на земјата“, истакна тој.