Meltem Bulur
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Процесот на пријавување за „Istanbul Photo Awards 2018", меѓународен натпревар во фотографии кој Аnadolu Аgency (AA) го организира по четврти пат, е завршен.
За натпреварот од 125 земји се пријавени околу 37.000 фотографии.
Секоја година жирито во март се состанува во Турција за да одбере најдобра фотографија. Кон крајот на месецот ќе бидат прогласени победниците. Веќе три години професионалните фоторепортери и фотографи од целиот свет покажуваат голем интерес за овој натпревар.
На победниците во категории и најдобриот млад фоторепортер ќе бидат доделени награди во вредност од 165.000 долари.
Репортерот чија фотографија ќе биде прогласена за „фотографија на годината“ ќе добие награда од 10.000 долари. Победниците во другите категории ќе добијат 8.000, второпласираните 5.000 и третопласираните 3.000 долари.
Како и минатата година, во овогодишното жири се наоѓаат уредничката на дигиталниот сектор во магазинот "Paris Match" Мерион Мартенс, спортскиот фоторепортер на „Getty Images" Камерон Спенсер, познатиот фоторепортер на агенцијата „Noor" Јури Козирев , фоторепортерот од „Getty Images" Џорџс Диркли, раководител на Канцеларијата за развој на фотографии на AFP (Агенција Франс Прес Мишел Ското, уредникот на визуелните вести Аnadolu Аgency (AA) Ахмет Сел, и уредникот на фото сервисот на АА Фират Џаглајан Јурдакул.
Освен тоа, во овогодишното жири на Istanbul Photo Awards ќе се најдат уште две имиња, меѓународно признатиот уредник на фотографиите Андреј Поликанов и минатогодишниот добитникна првата награда на овој натпревар, Фредерик Лафарж.