Hikmet Faruk Başer,Sinan Balcıkoca
19 Февруари 2023•Ажурирај: 20 Февруари 2023
ХАТАЈ (АА) – ХИКМЕТ ФАРУК БАШЕР -
На урнатините на градинка во турската област Хатај оставени се балони во знак на оддавање почит на децата кои загинаа во разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија јужна Туркије и Сирија, јавува Анадолу.
Во земјотресите уништена е и градинка во градот Антакија.
Членови на здружение за деца од Адана на урнатините од градинката поставија балони во различни бои.

Емирџан Турали, еден од основачите на здружението, за Анадолу изјави дека во земјотресот загинати се многу деца.
Наведувајќи дека како здружение спроведуваат активности посебно за децата без родители и за децата на кои им е потребна помош, Турали рече дека во подрачјето на катастрофата дошле од Адана веднаш штом ја примиле веста за земјотресот.
„Сакавме на децата до кои не можевме да стигнеме да им дадеме балони и слатки. Би сакал да им ги дадевме балоните в раце и заедно да си игравме“, рече Турали.