Eren Bozkurt,Sergen Sezgin
19 Февруари 2023•Ажурирај: 20 Февруари 2023
АДАНА (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен допатува во Туркије, и во Адана се сретна со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува Анадолу.
Чавушоглу го пречека Блинкен во воената база „Инџирлик“.
Чавушоглу и Блинкен потоа со хеликоптер на Турските вооружени сили (ТСК) заминаа за Хатај во обиколка на подрачјата погодени од земјотресот на југот на Туркије.
Дел од делегацијата беше и амбасадорот на САД во Туркије, Џефри Флејк.