Sefa Şahin
19 ноември 2021•Ажурирај: 19 ноември 2021
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5,1 степен ја погоди турската област Ерзурум, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција.
Во соопштението се нагласува дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Ќопруќој во Ерзурум.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,1 степен се случил во 15:40 часот по локално време.
Според ова соопштение, земјотресот се случил на длабочина од 6,94 километри.