Muhammed Kaygın
24 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ЧОРУМ (АА) - Парот, кој по свадбата во Чорум се придружи на „Стражата за демократија", која започна по обидот за државен удар од страна на припадниците на терористичката организација ФЕТО, изводот од книгата на венчани го доби на улица, јавува Anadolu Agency (AA).
Парот Ајнур и Емре Угурол се венчаа во еден објект за свадби, по што тие се придружија на „Стражата за демократија". Во тој момент, градоначалникот Музафер Кулџу од поставената сцена го покани парот да излезе на сцената и им го врачи изводот од книгата на венчани, што беше проследено со бројни аплаузи.
Кулџу му честиташе на парот, им посака среќа и додаде:
„Бидејќи бев многу зафатен поради обврските, не можев да присуствувам на вашата свадба. Но вие по свадбата ни се придруживте на Стражата за демократија. Во името на граѓаните, ви благодарам. На апелот на претседателот Ердоган дека од секој пар очекува најмалку 3 деца, секој се противеше. Но, дури сега сфаќаме дека претседателот бил во право. Секој нека има најмалку две или три деца, па овие плоштади да не останат празни, бидете стражари на татковината, да не недостасуваат граѓани на улиците“.
Младите од брачната двојка, заблагодарувајќи му се на градоначалникот, изјавија дека по свадбата сакале да ги поддржат граѓаните на улиците во Стражата на демократија.