Özgün Tiran
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
КРКЛАРЕЛИ (АА) – ОЗГУН ТИРАН – Есра Оздин, од Истанбул се врати во селото на нејзиниот сопруг, стана газдарица во бизнисот за одгледување гуски кој што го почна во рамките на програмата за Развивање на претприемништвото за жени развиена од турското Министерство за храна, земјоделство и сточарство.
Есра Оздин се омажи за својот сопруг пред 19 години во Истанбул, но по земјотресот на 17 август 1999 година одлучи да се пресели во селото Бејпнар, во близина на градот Кркларели.
Оздин постојано имала желба да придонесе во буџетот на семејството преку одгледување гуски, но не можела да најде финансии за тоа. Сепак, таа успеа да ги реализира своите соништа преку проектот во рамките на програмата за Развивање на претприемништвото за жени при турското Министерство за храна, земјодеслтво и сточарство.
Во проектот Оздин го доби првото место за 2015 година, а со тоа доби и поддршка од 30 илјади турски лири.
Со развивање на нејзината идеја за бизнис, одгледувајќи 350 гуски годшно, таа придонесува не само во семејниот буџет, туку и во економијата на селото.
- „Во селото ги остварив моите соништа“ -
Во своето интервју за Аnadolu Аgency (AA), Оздин истакна дека никогаш не ја мачела мислата дека ако е родена во град (Истанбул), нема да може да живее на село.
Таа рече дека е многу среќна што живее во село и дека своите соништа почнати само со 3 гуски, ги остварила преку програмата за Развивање на претпримеништвото за жени.
„Одгледувам 350 гуски годишно. Сите ги нудам како јадење за домашните и странските туристи кои што доаѓаат во нашето село. Засега има неверојатен потенцијал на муштерии. Поставив цел за зголемување на капацитетите за прозводство во следната година. Не можеме да стигнеме со нарачките, особено со тие од Бугарија, Кркларели и Истанбул. Јас сум родена и израсната во Истанбул. Пред 18 години дојдов во селото , мојата адаптација од градски живот во селски живот беше лесна. Јас правам селски леб, одгледувам домати и бибер во мојата градина, дури и станав бизнис жена со одгледувањето гуски“, истакна Оздин.
Таа нагласи дека е среќна што дава свој придонес во семејниот буџет и рече дека претставува пример за нејзините деца и за жените во селото.
„Со овој проект се смени судбината на нашето село. Сакам да докажам дека ние не сме само сопруги и мајки, туку и ние имаме свое место во културните, социјалните и економските области на општеството. Сакам жените од селото да ме следат како пример. Селскиот живот и не е многу тежок“, рече Оздин и додаде дека преку нејзиниот проект и селото добилп на популарност.
Нејзиниот сопруг, Неџми Оздин, рече дека многу е горд од успехот на својата сопруга.
Оздин истакна дека верува оти секоја работа која што е допрена од страна на жена, има упсех и напредок, и дека улогите дома се променети, неговата сопруга е газдарица а тој е нејзиниот помошник.