Handan Kazancı
10 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во голема полициска акција која се изведе синоќа во Истанбул, приведени се вкупно 165 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата под назив "Yeditepe Huzur" (Спокојот на седумтте брда) започна синоќа во 20:00 часот по локално време, а спроведена е во 39 истанбулски населби.
При тоа извршен е претрес на 31.181 лице. Покрај уапсените, полицијата заплени и 15 парчиња нерегистрирано огнено оружје и 846 грама хероин.
Од 6.939 сопрени возила, 110 се исклучени од сообраќајот. Исто така, пребарани се 610 објекти од кои на 39 барови им се одземени лиценците за работа.