Fatma Kalay
10 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
САМСУН (АА) - Бирол Сел (55) од Самсун во северна Турција, веќе 30 години се занимава со калиграфија во дрво, како и тродимензионални слики и релјефи на дрво, јавува Anadolu Agency (АА).
Сел со обработка на дрво започнал да се занимава пред три децении, кога се обидел да направи фигури од дрво, подоцна тие фигури почнал да ги сече, ги бојадисувал и ги додавал на сликата.
Тој вели дека нема образование за ваков вид на обработка на дрво, дури не знае ниту како се вика техниката којашто ја користи.
"Некој тоа го нарекува тродимензионална слика, некој релјефен приказ, тоа е сè до вкусот на љубителите на уметноста", рече Сел.
Тој вели дека неговата работа започнува со стружење на внатрешниот дел од дрвото.
"Така ја создавам рамката. Подоцна на краевите додавам обоени мали предмети. Подоцна развив специјална техника со која имам направено многу дела", рече Сел, додавајќи дека секоја слика има одреден број на дрвени ката кои ги користи.
Така, на пример тој вели деке има работено на слика од четири ката, како и од 12 ката.
Тој додава дека секоја слика бара многу работа и целосна посветеност.
"Времето на изработка на сликите се менува од модел до модел. Сликите со две фигури ги правам за 600-700 часа, но има слики чија изработка бара од еден до три илјади часа. Тоа произлегува од мојата желба за беспрекорност", рече Сел.
"За 30 години имам изработено околу 170 фотографии. Обично обработувам уметнички дела од познати сликари. Не може секоја слика да се направи со техниката која ја развив туку внимателно ги одбирам", додаде Сел, посочувајќи дека некои од неговите слики се продаваат во САД, Германија, Италија и Холандија.