Adem Demir,Hikmet Faruk Başer
14 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) – Првото метро без возач во Турција, кое се обраќа на релацијата „Ускудар - Умраније - Чекмекој - Санџактепе“, во истражувањето направено од страна на Меѓународната асоцијација за јавниот превоз (International Association of Public Transport-UITP), со седиште во Брисел, е избрано за трето во светот и прво во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата добиена од Општина Истанбул, најголемата граѓанска организација во јавниот превоз во светот UITP со седиште во Брисел, основана во 1885 година, со членови од 90 различни земји, ги истражувала метро-линиите без возачи чиј капацитет изнесува повеќе од 500 патници истовремено.
UITP, која има канцеларии во Дубаи, Москва, Истанбул, Рим, Сао Паоло, Бангалор, Брегот на Слоновата Коска, Хонг Конг и Канбера, спроведе истражување со цел да го одреди најдоброто метро без возач. Според спроведеното истражување, метрото без возач во Истанбул, што се обраќа на линијата „Ускудар - Умраније - Чекмекој - Санџактепе“, е избрано за најдобро во Европа, оставајќи ги зад себе метро-линиите во Париз, Рим, Барселона.

- Трети во светот
Граѓанската организација ги објави на својата веб-страница резултатите од истражувањето на метро-линиите без возачи во светот. На страницата, метро-линијата која во Истанбул се обраќа на релација „Ускудар - Умраније - Чекмекој - Санџактепе“ е прикажана како метро со најголем капацитет за превоз на патници во Европа.
Во светот од вкупно 62 метро-линии кои обезбедуваат превоз без возачи, 22 метро-линии имаат капацитет да пренесуваат повеќе од 500 патници одеднаш. „М5-линијата“ во Милано има капацитет од 536 патници одеднаш, додека сингапурската „Circle MRT“ има капацитет од 2.000 патници. Линијата во Сингапур „Circle MRT“ поради најголемиот капацитет на патници е избрана како најдобра. На второ место се наоѓа сингапурската „Северно-источна МРТ-линија“, која исто така се обраќа без возач.
- Капацитет од 1.620 патници истовремено
На трето место во светот се наоѓа Истанбулската метро-линија без возач која има капацитет од 1.620 патници истовремено. Метро-линијата „Ускудар - Умраније - Чекмекој - Санџактепе“, оставајќи зад себе 20 метро-линии низ светот, е избрана за трета најдобра метро-линија без возач. Помеѓу европските линии коишто се рангирани на истата листа, Истанбулската метро-линија се наоѓа на прво место.
По првата метро-линија без возач на Турција, следуваат Рим со капацитет од 1.200 патници, Барселона со 895 патници и Париз со 722 патници. Метрото без возач што се обраќа на релацијата „Ускудар - Умраније - Чекмекој - Санџактепе“ кое е избрано за најдобро во Европа, се состои од вкупно 21 метро-возило, од кои секое има по 6 вагони. Во секое метро (со 6 вагони) истовремено можат да се возат 1.620 патници.
Во првата етапа на метро-линијата која беше пуштена во употреба на 15 декември 2017 година, досега се превезени 25 милиони 310 илјади и 562 патника. Втората етапа од метрото без возач, што се однесува на релацијата „Умраније - Чекмекој - Санџактепе“, пуштена е во употреба на 21 октомври. На таа релација, до денес се возеле вкупно 2 милиона 424 илјади и 561 патник.