Muhammet Emin Avundukluoğlu
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
АНКАРА
Претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу, денес изрази поддршка за правното прашање на Азербејџан во Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Срцата на 83 милиони луѓе во Турција чукаат заедно со Азербејџан во неговата борба со Ерменија“, изјави главниот опозициски лидер, Киличдароглу, пред парламентарната група на неговата партија во Анкара.
„Азербејџан има предност да биде оправдан за прашањето за Нагорно Карабах според меѓународното право“, истакна Киличдароглу.
„Мора да ја поддржиме оваа праведна кауза“, изјави тој.
Киличдароглу, исто така, ја повика Ерменија да стави крај на окупацијата на регионот Нагорно Карабах.
Пограничните судири избувнаа на 27 септември, кога ерменските сили започнаа со напади врз азербејџанските цивилни населби и воени позиции, кои резултираа со жртви.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.
Франција, Русија и НАТО, меѓу другите, повикаа на итен прекин на судирите во окупираниот регион.