Mümin Altaş
21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави денес во Анкара дека секој говор за забрана или ограничување на повикот за молитва во Ерусалим е неприфатлив и целосно погрешен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Говорот за ограничување на повикот за молитва во џамијата Ал Акса и други џамии во секој поглед е неприфатливо. Тоа е спротивно на религиските и другите слободи и е во спротивност со почитување на основните права“, истакна Куртулмуш за новинарите пред одржувањето на седницата на Владата на Турција, со која претседаваше премиерот Бинали Јилдирим.
„Пред неколку века во Ерусалим заедно живееле муслиманите, христијаните и Евреите. Во рамките на османлискиот систем со којшто во регионот е одржуван. На тие простори со векови во хармонија се мешаа звуците на црковните ѕвона, езаните и молитвите на Ѕидот на плачот. Тогаш никој никого не го прашувал: ,Зошто ѕвони црковното ѕвоно, зошто е молитвата на Ѕидот на плачот?'. Поради тоа е неразбирливо зошто сега во овој мултикултурен град се прават обиди за замолчување на звуците на езанот од џамиите. Тоа е навреда за културата, историјата, минатото и мултикултурализмот на градот Ерусалим“, рече Куртулмуш.
Тој истакна дека тој лично не верува дека таквата забрана ќе се спроведе.
„Мислам дека таквата забрана, всушност овој вид на грешка, нема да се спроведе во практика. Тоа е отворено ограничување на верските слободи против што ќе се побуни целиот свет. Претпоставуваме дека ваквата одлука ќе се исправи и на крајот целосно ќе се повлече. Ставот на Турција е многу јасен. Во рамките на мултикултурализмот мора да се чуваат звуците кна езанот, звуците на црковните ѕвона и звуците на синагогите“, изјави заменик премиерот на Турција.
Израелскиот министерски одбор за законодавство во саботата го одобри нацрт-законот против повикот за молитва од џамиите (езанот), по што за истиот се расправеше и во Кнесетот, а предлогот ќе треба да се изгласа трипати со цел да биде усвоен.
Ова не е првпат сличен предлог-закон да биде предмет на разгледување на Кнесетот. Кон крајот на 2014 година пратеникот Роберт Илатов предложи слична забрана што не беше поддржана при гласањето.