Behçet Alkan
28 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
НЕВШЕХИР (AA) – Летот со балон е непресушен извор на адреналин и фасцинација кај туристите кои ја посетуваат една од попознатите турски дестинации Кападокија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пејзажот на Кападокија се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО, а погледот од балон е единствено искуство кое секоја година привлекува стотици илјади туристи од целиот свет.
Станува збор за специфичен релјеф кој настанал од вулканска лава, која планините Ерџијес и Хасан ја исфрлиле преку неколку милиони години.
Туристите, коишто имаат храброст, секое утро имаат можност со балон да се најдат во височините над тоа место, кое е спој на природни и историски феномени.
Така небото над кападокиските кањони секој ден се збогатува со најмалку 150 шарени балони.
Претседателот на Здружението на туристичките водичи во Невшехир (НЕРО), Јунус Унал, за АА рече дека летовите со балон сè повеќе стануваат популарна атракција и дека повеќе туристи во Кападокија доаѓаат за да го пробаат ова адреналинско искуство.