Murat Kaya Nevşehir
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
НЕВШЕХИР (АА) - Туристичката атракција на Кападокија во Турција, летањето со балон, минатата година ѝ донесе приход на земјата од скоро 100 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Временските услови на тоа подрачје дозволуваат летање со балон во околу 300 дена од годината.
Градоначалникот на општината Ѓореме, Нури Џингил рече дека во одреден дел од денот на небото може да се видат и до 150 балони. Додаде дека во тој дел од Турција делуваат околу 30 фирми кои пружаат услуги за разгледување на Кападокија со балон.
"Минатата година 498.800 туристи учествуваа во турите за летање со балон. Цената на едно летање чини помеѓу 150 и 250 евра", рече Џингил.
Градоначалникот додаде дека на туристите, покрај летање со балон, им се нудат и разни видови други активности, во ова туристичко средиште во Турција.