Handan Kazancı
20 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турција, во рамките на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, на граничните единици им подели заштитна облека, гумени ракавици и маски, се соопштува од турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека војниците се информирани за начинот на кој можат да се заштитат од вирусот, вклучувајќи ги мерките кои ќе бидат преземени за време на контактот со поединците кои се обидуваат илегално да ја преминат границата.
Министерството постави и фотографии на кои се гледаат војници во заштитна опрема додека патролираат и ги поминуваат прегледите на кои им е мерена температурата на телото.
Во Турција досега се потврдени четири смртни случаи предизвикани од коронавирусот, а кај 359 лица е потврден вирусот.
Сите спортски настани се суспендирани, а на луѓето им се советува што помалку да излегуваат. Угостителските објекти ќе работат само за достава.
Во светот од коронавирусот починаа над 10.000 лица, а научниците започнаа испитувања за вакцина.
Вообичаените симптоми на зараза се грозница, кашлица и отежнато дишење.