İlker Girit
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца терористи на ПКК се неутрализирани од страна на турските безбедносни сили во близина на границата со Ирак,во југоисточната турска покраина Ширнак, изјави безбедносен извор за Anadolu Agency (АА).
Според изворот, кој сакаше да остане анонимен, терористите се подготвувале да извршат напад врз воена база.
Запленети се антитенковска мина и импровизиран експлозивен уред.
Турската артилерија исто така уништи позиции на терористите во Ирак, откако жителите им дале информации во врска со контролните пунктови на ПКК во таа област.
Во меѓувреме, двајца припадници на локалните безбедносни единици во подрачјето на Бинѓол се лесно повредени при обид на терористите на ПКК со експлозиви да ја нападнат железничката линија. Припадниците по пружената лекарска помош биле пуштени од болница.
Исто така, гувернерот на Хакќари, утринава во одредени делови на Јукселова прогласи полициски час со цел да ги обезбеди животот и имотот на цивилите за време на воената операција против ПКК. Според изјавите на гувернерот, полицискиот час ќе продолжи сè додека не се добијат дополнителни информации.
Сепаратистичката терористичка организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, а станува збор за група којашто веќе повеќе од три децении води оружена кампања против Турција.
Досега во акциите против ПКК животот го загубија над 600 припадници на турските безбедносни сили, а неутрализирани се повеќе од 7.700 терористи.