Alp Özden
22 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Министерот за национална одбрана на Турција, Фикри Ишик поднесе извештај во врска со Операцијата „Штитот на Еуфрат“, која влезе во 121. ден, и во врска со операциите против терористичката организација ДЕАШ изјави: „Многу е значајно ослободувањето на Џарабулус, Ер Раи и Дабик, кој имаше големо симболичко значење за ДЕАШ“, јавува Anadolu Agency (AA).
На почетокот, министерот Ишик посака милост од Бога за шеснаесеттемина турски војници кои вчера ги загубија своите животи, а на ранетите им посака поскоро заздравување. Исто така, Ишик соопшти дека тројца од ранетите се во критична состојба.
„Досега, во рамките на операцијата ‘Штитот на Еуфрат’ се неутрализирани 1.005 терористи, членови на ДЕАШ. Покрај тоа, уништени се 4 тенка, 29 минофрлачи, 97 возила, од кои 41 со оружје и муниција, 621 објект на терористичката организација, 61 оружена позиција, 28 командни центри и 17 магацини, а биле неутрализирани и 11 возила-бомби“, изјави министерот за национална одбрана на Турција, Ишик, при презентирањето на извештајот во Големото народно собрание на Турција.
Неутрализирани се 299 терористи, припадници на ПКК/ПЈД/ЈПГ. Во операциите се уништени 14 објекти на ПКК/ПЈД/ЈПГ, 14 одбранбени позиции, 5 возила и 1 дрон“, додаде тој.
- „Турција е земја што најмногу се бори против терористичките организации“ -
„Истовремено Турција се бори и против ДЕАШ и против сите терористички организации во подрачјето, како што се ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДХКП-Џ и е единствената земја што најмногу се бори против тероризмот“, рече министерот за национална одбрана, Ишик.
Тој се осврна и на состојбата во Сирија и рече дека подрачјето се претвори во море од крв и солзи.
„600.000 лица ги загубија животите во Сирија, речиси половина од населението бегајќи од бомбите на диктаторот ги напушти своите домови, милиони мигрираа, од кои околу 2.750.000 се згрижени во Турција. За да може овој диктатор да остане на власт, тој фрла бомби врз својот народ, водејќи секташка и дискриминаторска политика, и е главниот виновник за состојбата во Сирија. Меѓународните организации што се формирани со цел да се воспостави мир во светот, и некои големи земји, не сакајќи да си го нарушат својот комфор, се прават дека не го гледаат огнот во подрачјето и не им излегоа во пресрет на солзите на невините и угнетените“, рече Ишик.
„Ние со години на меѓународната заедница ѝ препорачуваме да се формира безбедна зона сѐ додека не се најде трајно политичко решение за Сирија. Наша препорака е да се формира една безбедна и мирна зона, благодарение на која Сиријците ќе можат да живеат во сопствената земја, хуманитарната помош ќе може лесно да се испорачува“, истакна Ишик.
Во врска со активностите на ФЕТО, министерот Ишик рече: „Во меѓувреме, ФЕТО не мирува. Во Анкара изведе предавнички атентат врз амбасадорот на Русија во Турција, се обиде да ги раскине обновените односи со Русија и да го оневозможи спроведувањето на постигнатиот договор за евакуација од Алепо, во кој беа вложени големи напори од страна на Турија и Русија. Турција нема да потпадне под ниту една од овие игри и никогаш нема да му се предаде на тероризмот“.