Mustafa Güngör
14 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
ИЗМИР (АА) - Вкупно 161 мигранти се задржани во турската егејска област Измир во обид илегално да преминат во Грција, соопштија денес локалните власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Постапувајќи по дојава, локалните жандармериски тимови спроведоа операција во подрачјето на Урла за да запрат група пред илегално да ја премине границата“, се вели во соопштението на гувернерот на Измир.
Меѓу нив имало 45 Пакистанци, 20 Бангладешани, 93 Авганистанци и 3 Сиријци.
Четири лица се приведени поради шверц на луѓе, а мигрантите се испратени во обласната канцеларија за миграции по рутинските процедури.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било земја во светот, презема нови безбедносни мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.