Süleyman Elçin
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
АНТАЛИЈА
Во турскиот град Анталија, каде метеоролошките податоци се бележат од 1929 година, денес околу пладне е забележена температура од 38,8 степени Целзјусеви, што е рекордна температура на воздух забележана во мај. Меѓутоа, не само да е соборен рекордот, температурата во текот на денот во Анталија достигна дури 42,7 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на локалната Каценарија за метеорологија Мурат Ѓулер во изјава за АА рече дека температурата во Анталија продолжува со раст.
Метеоролошки податоци во Анталија почнаа да се бележат пред 91 година, а од тогаш најголема температура во мај е измерена 1945 година, кога изнесуваше 38,7 степени.
„Денес во 11:19 часот температурата изнесуваше 38,8. Од тогаш температурата на воздух константно расте и сега достигна 42,7 степени Целзјусови", рече Ѓулер.
Улиците на Анталија секако беа празни поради мерките против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), но со изненадниот раст на температурите на воздухот, улиците во потполно се испразнети.
Надлежните органи во Турција утрово донесоа одлука според која на лицата постари од 65 години, кои имаат некое хронично заболување, им се дозволува излегување ндвор во траење од 6 часа.