Ahmet Sertan Usul
23 Јануари 2023•Ажурирај: 24 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку пет припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во операција на турските безбедносни сили во југоисточниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Туркије, се наведува дека во тек е антитерористичка операција во планинските подрачја на градот Ширнак.
Во операцијата учествуваат командоси на жандармеријата, вооружени беспилотни летала, јуришни хеликоптери АТАК, жандармериски командоси.
Досега се неутрализирани најмалку пет припадници на терористичката организација.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која од САД, ЕУ и Туркије е ставена на листата на терористички организации, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.