Kemal Karadağ
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски држави (САД) направи нов чекор околу испораката на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен на Турција. Министерството за правда на САД за таа цел планира, во текот на идната недела, да испрати делегација во Турција која ќе разговара на таа тема, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската влада по обидот за државен удар на 15 јули од страна на терористичката организација ФЕТО, до САД испрати барање за итно апсење и испорaчување на лидерот на оваа организација Фетулах Ѓулен.
Минатата недела во рамките на активностите кои ги врши Министерството за правда на Турција за апсење на Ѓулен, министерстерот Бекир Боздаг преку Генералниот директорат за правда и меѓународно право при Министерството за надворешни работи на Турција, до САД испрати втор допис.
По овој втор допис, Министерството за правда на САД испрати писмо до Министрството за правда на Турција во врска со испораката на Фетулах Ѓулен.
Министерството за правда на САД во писмото предлага средба на која ќе стане збор за испораката на Ѓулен, и со таа цел Министерството за правда на Турција да испрати делегација во САД или Министерството за правда на САД да испрати своја делегација во Турција.
Со инструкции дадени од страна на министерот за правда на Турција Бекир Боздаг, одговорните во Министерството за правда го разгледаа ова прашање.
- Делегација од САД доаѓа во Турција -
Во писмото со одговор до Министерството за правда на САД се предлага првин делегација на САД да дојде во Турција, а потоа делегација од Турција да замине на средба во САД.
Министерството за правда на САД го прифати предлогот на Турција и информираше дека идната недела ќе испрати своја делегација на експерти во Турција.
Се дознава дека по средбите кои делегацијата на САД ќе ги реализира во Турција, делегација на Министерството за правда на Турција ќе замине во САД во врска испораката на Фетула Ѓулен на Турција.