Sibel Uğurlu
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн досега се неутрализирани најмалку 1.266 терористи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб соопшти дека Турските вооружени сили (ТСК) исто така уништиле 19 мети на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, и неутрализирале уште 86 терористи за време на операциите од вчера.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51. од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.