İsmail Özdemir
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калим, се сретна со советникот за национална безбедност на САД, генерал-полковник Х.Р. Мекмастер, кој вчера и денес е во посета на Истанбул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според инфорациите добиени од извори од претседателството, во текот на средбата се разговарало околу долгорочното стратешко партнерство и односите меѓу Турција и САД, како и за приоритетите на двете земји.
Исто така, Калин и Мекмастер размениле мислења за последните случувања во регионот.
Во овие рамки, Калин и Мекмастер детално разговарале околу прашањата кои негативно влијаат на билатералните односи, како и за начините за заедничка борба против секаков вид тероризам.