Sena Güler
11 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
АНКАРА
Турските разузнавачки агенти уапсија член на терористичката организација ПКК/КЏК во Украина и го вратија во Турција во специјална операција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Националната разузнавачка агенција (MIT) утврди дека Иса Озер, кој побегнал од Турција откако бил издаден налог за апсење за него, престојувал во градот Одеса за кратко“, изјави безбедносен извор кој сакаше да остане анонимен.
„Откриено е дека Озер продолжил да спроведува терористички активности од Украина и МИТ го врати назад во Турција со користење на специјални методи“, додава изворот.
Тој беше донесен со авион во Истанбул, каде што беше предаден на антитерроистичката единица на Оделот на истанбулската полиција, а постапката против него е во тек во Дирекцијата за безбедност.
Озер се соочува со неколку обвиненија, вклучувајќи тоа што е член на вооружена терористичка организација и промовирра терористички групи.
За Озер, кој се придружи на ПКК/КЏК во 1996 година, се вели дека бил член на фондација на ПКК со седиште во Романија, изнудувал пари од Турците таму и бил депортиран откако бил приведен за рекетирање.
Беше приведен во 2012 година во истрагата за присуство на ПКК/КЏК во турската област Агри, и откако беше ослободен во 2014 година, продолжи да биде член на терористичката организација.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.