Zafer Fatih Beyaz,Serdar Açıl
21 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во соопштението на Јавното обвинителство од Анкара се вели дека откривајќи ја комуникацијата со таинствените „имами“ на ФЕТО, остварена со систем за информирање преку периодични и секвенционални повици, користејќи фиксни телефони, донесена е одлука за приведување на 3 полковници, 2 потполковници, 6 мајора, 3 капетани, еден поручник и 77 подофицери во командата на Турските воздухопловни сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Анкара спроведува истрага за структурите на ФЕТО во турските воздухопловни сили. По спроведената истрага донесена е одлука за притвор на 110 активни војници, како дел од структурата на ФЕТО во турските воздухопловни сили.
По потврдувањето на донесената одлука за приведување на 110 осомничени, Екипите за борба против организираниот криминал од полицијата на Анкара спроведоа операции во 16 области во Турција.
- Приведени 85 лица
По одлуката за притвор во рамки на истрагата за ФЕТО во турските воздухопловни сили, спроведени се операции во 16 области, при што се приведени 85 од 110 осомничени.
Приведените осомничени лица ќе бидат донесени во Анкара за да дадат изјава, а во тек се операции за фаќање на преостанатите осомничени.