Yıldız Nevin Gündoğmuş
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Петнаесет терористи се неутрализирани при воздушните операции на турските воени сили, во рамките на операцијата „Канџа“, во регионот Хафтанин, северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека како дел од операцијата „Канџа“ извршени се воздушни операции во северниот дел на Ирак.
Во рамките на воздушната операција уништени се упоришта, засолништа и магацини за муниција користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а неутрализирани се уште 15 терористи.