Sinan Uslu
13 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, која трае веќе 143 дена, на северот од Сирија спроведоа воздушна и копнена акција, во кои се уништени 177 позиции на ДЕАШ, а неутрализирани се 41 терорист, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ТВС се вели дека продолжува операцијата којашто започна на 24 август 2016 година, во северниот дел од Сирија, со цел да им се даде поддршка на коалициските сили за отстранување на заканата што ја создаваат терористичките организации, првенствено ДЕАШ, и за да се зголеми безбедноста на границата.
Во 143. ден од операцијата, специјалните групи, составени од опозициските елементи, благодарение на поддршката што ја добија од воздух и копно, упеаја да го ослободат местото Суфланија.
Претходно утврдените 177 позиции на терористичката организација ДЕАШ беа цел на нападите. Уништени се засолништа, одбранбени позиции, командно-контролни објекти, оружје и возила.
Командата на военото воздухопловство изведе операции врз 10 позиии на ДЕАШ во Суфланија и во Бзагах. Во операцијата се уништени 4 засолништа, 4 згради-седишта на организацијата и вооружени возила.
Во воздушните и копнените операции се неутрализирани 41 терорист, членови на ДЕАШ.
Во подрачјата што беа исчистени од терористите, испратени се екипи за откривање и уништување експлозив, кои уништија 72 рачно изработени експлозивни направи. Од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, досега се неутрализирани 2.917 рачно иработени експлозивни направи и 43 мини.
- Споделени снимки од операцијата
Од друга страна, Генералштабот на турската армија ги сподели снимките од воздушните напади врз позициите на ДЕАШ во Суфланија и Бзагах.
На снимките може да се забележат моменти од уништувањето на седиштето на ДЕАШ, возило-бомба и контролни точки.