Furkan Abdula
09 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија пристигнаа 30.000 дози вакцини „Синовак“ како донација на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче.
„Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција“, напиша тој на својот Фејсбук профил.
„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас“, рече Филипче.
Министерот за здравство нагласи дека вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.
Потсетуваме, пред три дена, односно на 6 јуни, министерот Филипче и премиерот Заев, по посетата на Турција соопштија дека оваа земја ќе донира 30.000 вакцини за Северна Македонија.