Özcan Yıldırım
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим го пречека американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата се одржа зад затворени врати во кабинетот на премиерот, а траеше околу 40 минути.
На приемот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, советникот во Министерството за надворешни работи на Турција, Умит Јалчин, и главниот советник за надворешна политика во кабинетот на премиерот, Керим Урас.