İlkay Güder
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз ал Сауд, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на телефонскиот разговор, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд се осврнале на билатералните односи и прашањето околу Сирија.
Ердоган и ал Сауд укажале на важноста на територијалниот интегритет на Сирија и на политичко решение. Двајцата соговорници нагласиле дека ќе биде корисно да се зголемат заедничките напори и соработката околу овие прашања.