Tuba Şahin
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
ИЗМИР (АА) - Турската Технолошка база ќе додаде 15 милијарди долари во националниот приход на земјата за 10 години, истакна денес турскиот премиер Бинали Јилдирим, јавува Аnadolu Agency (AA).
Говорејќи на состанокoт за Технолошката база „Измир“ во западна Турција, Јилдирим рече дека базата директно и индиректно, долгорочно ќе генерира околу 40.000 работни места за младите и истражувачите.
„Наша цел е за 10 години да го зголемиме бројот на компании во Технолошката база „Измир“, на 800“, рече Јилдирим.
Тој нагласи дека просторот ќе биде на површина од 9,5 милиони квадратни метри.
„Локалните и глобалните компании ќе можат да ги извршуваат своите истражувачки и активности за развој на технологијата“, рече Јилдирим, додавајќи дека други проекти ќе ја следат оваа иницијатива.
Министерот за технологија, Фарук Озлу, рече дека глобалните инвеститори, водечките турски компании, малите и средните претпријатија, лабораториите, работилниците за прототипи ќе бидат дел од базата.
Озлу рече дека Технолошката база ќе биде еден привлечен меѓународен центар.
„За 10 години преку јавно-приватно партнерство за воспоставување на технолошката база, ќе реализираме инвестиција од 1,4 милијарди лири (308 милиони долари)“, рече тој.