Serhat Zafer
21 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
СИВАС
Карпестите пештери од периодот на Хетитите во централната турска област Сивас го привлекуваат вниманието на посетителите со нивната архитектонска структура, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Канцеларијата на гувернерот на Сивас, пештерите во областа Ѓурун, кои датираат од 2000 година пред нашата ера, во текот на историјата се користени како засолништа, замоци и места за складирање храна. Тие наликуваат на примитивни станови со три и пет ката.

Поради фактот дека карпите се карактеризираат со лесна ерозија, се проценува дека Хетитите ги обработиле овие пештери и им дале изглед на слоевита структура.
Карпестите пештери до скоро време биле користени како ладилници, места за складирање на дрва, како и храна за животните од страна на локалното население.
