Elena Trenchevska Chekovic
25 Април 2025•Ажурирај: 27 Април 2025
СКОПЈЕ (АА) - Аеробатскиот тим СОЛОТУРК на Турските воздухопловни сили спроведе демонстративен лет над Споменикот на загинатите херои во Чанаккале, Туркије, јавува Анадолу.
Летот е изведен во рамки на активностите по повод 110-годишнината од Копнените битки кај Чанаккале.
Аеробатските маневри на тимот на СОЛОТУРК беа следени со воодушевување, а граѓаните со своите мобилни телефони ги забележаа неговите акробации.
На настанот присуствуваше и турската заменик-министерка за млади и спорт, Сафа Кочоглу.