Buket Güven
02 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
АНКАРА (AA) - Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, ги критикуваше европските земји поради непреземање одговорност за своите државјани кои се бореа во редовите на ДЕАШ, порачувајќи дека Турција не е ничиј хотел за сместување на припадниците на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу во Анкара ја коментираше политиката на европските земји во контекст на нивните државјани кои се припадници на терористичката организација ДЕАШ.
„Тоа што тие велат: ’Ние им го одзедовме државјанството, и сега за нив вие грижете се‘, од наша перспектива е неприфатливо. Истовремено тоа е неодговорно“, рече Сојлу
Нагласи дека Холандија е една од земјите која го одзема државјанството на припадниците на ДЕАШ.
„Но тоа не е процес кој го прави само Холандија. Тоа го прави и Велика Британија. Секој најде некоја леснотија во тоа“, рече Чавушпглу.
Кога станува збор за мигрантската политика на европските земји, Сојлу упати критики, изјавувајќи дека бројот на бегалците кои ги прими Европа е рамен на нула.