Uğur Aslanhan
19 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (AA) – Иницијативната група за производство на турски автомобил (TOGG) на својот официјален профил на Твитер ги сподели првите фотографии од каросеријата на првиот автомобил од турско производство во Гебзе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата „Автомобил на Турција“ (@TOGG2022) на официјалната твитер-страница на TOGG се вели: „Ова е првата каросерија целосно произведена во нашата земја. Бидете во тек.“

Во претходната изјава дадена од TOGG беше наведено дека градежните активности во фабриката во Гемлик продолжуваат со полна брзина и дека според планот, објектот треба да биде завршен до крајот на следната година.
Првиот сериски автомобил се планира да биде произведен во последниот квартал од 2022 година.
Иницијативната група за производство на турски автомобил (TOGG) соопшти дека ќе произведе 5 различни електрични модели на автомобили до 2030 година.