Enes Kaplan
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна: „Иднината за земјите, кои не произведуваат информации и технологија и не ги користат на најдобар начин, е многу тешка. Со знаењето што го произведуваме, покрај тоа што ќе ги постигнеме нашите цели, ќе придонесеме и за благосостојбата на целото општество“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган денес се обрати пред учесниците на церемонијата за доделување научни награди организирана од Советот за научни и технолошки истражувања на Турција (TÜBİTAK) и Турската академија на науките (TÜBA), што се одржа во Конгресниот центар „Бештепе“.
Претседателот Ердоган во својот говор рече дека Турција повеќе нема да биде само пазар за новите технологии, туку ќе биде земја што ќе ги произведува тие технологии, ќе ги наметне своите стандарди и ќе ги шири низ целиот свет.
„Иднината за земјите, кои не произведуваат информации и технологија и не ги користат на најдобар начин, е многу тешка. Со знаењето што го произведуваме, покрај тоа што ќе ги постигнеме нашите цели, ќе придонесеме и за благосостојбата на целото општество“, истакна Ердоган.
Истакнувајќи дека проектот за производство на сопствен автомобил има многу подалечна визија, претседателот Ердоган нагласи: „Нашиот народ од сè срце го присвои сопствениот автомобил, започнавме да примаме нарачки.“
„Патот на автомобилот „Деврим“ успеаја да го блокираат“, рече Ердоган, додавајќи дека овој пат се надева дека нема да успеат да го спречат производството на автомобилот на денешницата.
Ердоган во своето обраќање, исто така, рече дека ја започнале програмата „Идните ѕвезди на технологијата“, со која се планира да се обучат идните научници и претприемачи во областа на технологијата.
„Под водство на Министерството за индустрија и технологија во следните две години ќе изградиме 100 технолошки работилници „пробај-произведи“ во сите 81 општина“, подвлече Ердоган.
Истакнувајќи дека ќе го изградат „Канал Истанбул“ без разлика дали некој сака или не, Ердоган рече дека ќе се гради или по моделот на финансирање „изгради-управувај-предај“ или од државниот буџет и дека Турција веќе има можности да го направи тоа.