Sena Güler
22 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, денеска оствари телефонски разговор со американскиот советник за национална безбедност, Роберт О’Брајан, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на нивниот разговор, Калин и О'Брајан дискутираа за билатералните односи, борбата против Ковид-19, солидарноста на НАТО, како и случувањата во Сирија и Либија, вели извор од Турција.
Според истиот извор, меѓу разгледаните теми биле и регионалните прашања.
За време на разговорот беше истакната и поддршката за либиската Влада признаена од ОН и крајот на нелегалните активности и напади на Калифа Хафтар.
Тие, исто така, се согласија дека има потреба од решение за сириската криза, што трае од 2011 година, и дека се потребни повеќе напори во борбата против тероризмот.
Калин и О’Брајан исто така ја истакнаа важноста на солидарноста меѓу членките на Алијансата на НАТО во овие тешки денови.