Hasan Esen
24 ноември 2015•Ажурирај: 25 ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) – Од НАТО е соопштено дека денес попладне ќе биде одржан вонреден состанок откако утринава турските вооружени сили соборија воен руски авион во близина на турско-сириската граница, јавува Anadolu Agency (АА).
„НАТО внимателно ја следи ситуацијата. Во контакт сме со турските власти“, наведено е во соопштението на НАТО, а новинарот на АА дознава дека на барање на Турција, вонредниот состанок е закажан за 17 часот по средноевропско време.
Турските вооружени ссли утринава соборија летало кое и покрај предупредувањата продолжило да го нарушува турскиот воздушен простор.
Министерството за надворешни работи на Турција по барање на турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, ќе ги преземе потребните иницијативи во НАТО, Обединетите Нации (ОН) и земјите поврзани со случајот.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, откако руските авиони го нарушија турскиот воздушен простор во октомври кажа дека „НАТО е подготвен да ги брани сојузничките земји кои ќе се најдат во опасност. Една од тие земји е Турција.“
Воен авион од руско производство, тип SU-24, е соборен недалеку од турско-сирискта граница по десет предупредувања во рок од пет минути, потоа е пресретант и срушен од два турски ловци, F-16, утринава околу 9:30 часот по локално време, соопштено е од Генералштабот на оружените сили на Турција.
Врз анализа на следење на трагата на леталото утврдено е дека авионот го нарушил воздушниот простор на Турција, соопштија воени извори.