Elif Küçük
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Двајцата лидери во телефонскиот разговор се осврнаа на настаните во регионот, пред сè во Либија и Сирија.
Ердоган и Меркел исто така разговараа и за билатералните односи.