Ferdi Türkten
24 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот за комуникации при Претседателството на Република Турција се наведува дека во телефонскиот разговор на Ердоган и Џонсон станало збор, меѓу останатото, и за актуелните случувања во врска со Сирија и Либија.
Ердоган и Џонсон разговарале и за билатералните односи помеѓу двете земји, и за други регионални теми.