Ekip
11 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Според добиените информации, во населбата Баглар во градот Дијарбакир членови на терористичката организација ПКК активирале автомобил-бомба во моментот кога полициско сервисно возило на булеварот Диџле пренесувало на лекарски преглед во болница приведени лица под обвинение дека имале одредени терористички активности, јавува Anadolu Agency (AA).
Од експлозијата се повредени 48 лица, меѓу кои имало и полициски службеници. Повредените биле префрлени со амбулантни возила до најблиските болници. И покрај сите обиди, во болницата починале тројца од повредените. Меѓу починатите се наоѓа и лицето обвинето за наводно одземање на фабрика во име на терористичката организација ПКК во населбата Бислим во Дијарбакир.
- Меѓу повредените има и едномесечно бебе -
Меѓу повредените од екплозијата се мајката Д.Ч. и нејзината едномесечна ќерка, З.Л.Ч, кои се наоѓале во парк близу местото на настанот. Се дознава дека нивното лекување продолжува и дека се во добра здравствена состојба.
Во соопштението дадено од одговорните на Дијарбакир, се вели дека „под обвинение дека конфискувале фабрика“, со полициско сервисно возило притворените лица биле пренесувани во болница. Кога полициското возило поминало на раскрсницата кај Батикент, терористите го активирале експлозивот поставен во едно возило. Во екплозијата се повредени 9 полицајци и 7 притвореници, кои се наоѓале во полициското возило и цивили кои се наоѓале во близина на експлозијата, вкупно 48 лица. И покрај укажаната помош во болниците во која биле пренесени, тројца од повредените ги загубија своите животи.
- Напуштањето на училиштето од страна на учениците спречи поголема катастрофа -
Експлозијата настана близу гимназијата Имам Хатип. Учениците кои ја посетувале наставата два часа пред експлозијата го напуштиле своето училиште со што е спречена поголема катастрофа. Од експлозијата на улицата е отворена голема дупка, додека училишната зграда, околните објекти и возила беа оштетени.
Додека полициските екипи водат истрагата на местото на настанот, Булеварот Диџле е затворен. Безбедносните сили во околината започнаа операција за приведување на терористите.
- Премиерот Давутоглу се информираше во врска со терористикиот напад -
Од извори блиски на Владата се дознава дека премиерот Ахмет Давутоглу по немилиот настан се сретна со градоначалникот на Дијарбакир, Хусеин Аксој.
Давутоглу во вилата во Чанкаја на средбата со министерот за внатрешни работи, Ефкан Ала, и потсекретарот на МИТ, Хакан Фидан, доби подетални информации во врска со терористичкиот напад.