Fikriye Susam Uyar
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, Хусули Акар, денес изјави дека ДАЕШ е една од најсуровите варварски терористички организации, која претставува закана за регионот и светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Таа организација во никој смисол не го претставува исламот и муслиманите. ДАЕШ како цел за своите терористички напади ги зема нашите градови или ги гранатира пограничните населби. Турција ДАЕШ ја смета за терористичка организација и нејзините членови од 2013 година ги третираме како терористи. Во Сирија и Ирак досега се неутрализирани 1.300 терористи на ДАЕШ, а уништено е и големо количество на оружје и муниција“, рече Акар.