Gözde Bayar
01 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - На тротоар во турската престолнина се врежани математички и формули од физика и хемија за нивно полесно врежување во меморијата на учениците, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Општината на Град Анкара соопштија дека формулите може да се видат на тротоарот на улицата „Јуксел“ во Анкара.
Како дел од еден поголем проект за разубавување на главниот град, тротоарот на улицата „Сакарија“ е, пак, исцртан во форма на познатата игра „плочка“ во срцето на Кизилај.
Проектот е реализиран преку Дирекцијата за технички работи и Општината Чанкаја, во која се сместени сите главни владини канцеларии.