Mehtap Yılmaz
20 декември 2015•Ажурирај: 21 декември 2015
АНКАРА (АА) - Според првите резултати од истрагата на синоќешниот пожар на пазарот во населбата Кечиорен во Анкара, тој избил поради дефект на електричната инсталација, а нема индикации дека станува збор за негово подметнување, јавува Anadolu Agency (AA).
Рано утринава во пожар на пазарот Osmanli Halk Pazar во Анкара, изгореа 250 трговски и занаетчиски дуќани, а денес местото на несреќата го посети висока делегација на официјални лица, меѓу кои и министреот за царина и трговија Булент Туфенкчи, парламентарниот пратеник од Анкара Емрула Ишлер, градоначалникот Кечиорена Мустафа Ак, гувернерот на Анкара Мехмет Киличлар и претседателот на Трговската комора во Анкара Салих Безџи.
На средбата со трговците и занаетчиите чии дуќани беа зафатени со пожарот, министерот Туфекчи им ја пренесе пораката на премиерот на Турција Ахмет Давутоглу, дека ќе бидат ангажирани сите надлежни институции и фондови за што побрзо санирање на штетата.
Гувернерот на Анкара Киличлар рече дека пожарникарите наместото на несреќата стигнале пет минути по повикот, утринава околу пет часот, но дека не успеале да ја спречат огнената стихија бидејќи се работи за објекти кои се изградени од лесно запаливи материјали.
"За жал, за кратко време изгорело сè. Институциите и занаетчиите сега заедно ќе станат и ќе го обноват уништеното. Според првите резултати од истрагата на синоќешниот пожар на пазарот во населбата Кечиорен во Анкара, тој избил поради дефект на електричната инсталација, а нема индикации дека станува збор за негово подметнување. Истрагата е и понатаму во тек и наскоро ќе знаеме повеќе детали", рече Киличлар.