Şafak Yel
05 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
ИЗМИР (АА) - Безбедносните сили во западна Туркије фатија тројца припадници на ФЕТО, терористичката организација која е одговорна за неуспешниот обид за државен удар во земјата во 2016 година, додека се обидувале да побегнат со брод во Грција, објавија локалните власти денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на гувернерот во областа Измир соопшти дека локалните обвинители ја координирале операцијата со жандармеријата и разузнавачките сили за фаќање на бараните осомничени додека тие се обидувале да побегнат на егејскиот остров Хиос од крајбрежната област Чешме.
Еден од осомничените бил разрешен офицер во војската на Туркије.
ФЕТО го организираше неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Туркије, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.
ФЕТО стои зад долготрајната кампања за соборување на државата преку инфилтрација во турските институции; особено во војската, полицијата и судството.