Serhat Zafer
01 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
СИВАС (АА) – Најмалку седум лица загинаа, а девет се повредени во судир на камион и минибус во турскиот град Сивас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случила доцна синоќа на патниот правец Сивас - Малатја во Јешилдере, а на местото на несреќата излегле бројни амбулантни, полициски и противпожарни единици.
Седум лица во минибусот, вклучувајќи го и возачот, загинале на местото на несреќата, а девет повредени лица се пренесени во болница. Многумина од повредените се во животозагрозувачка состојба.
Локалниот официјален претставник Фатих Сунгур за новинарите изјави дека настраданите лица биле на свадба во Бурса и се враќале во Малатија.