Can Efesoy
27 Ноември 2024•Ажурирај: 27 Ноември 2024
АНКАРА (АА) - Властите на Република Туркије го поздравија договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел, известува Анадолу.
„Го поздравуваме успешното завршување на преговорите за воспоставување прекин на огнот во Либан и се надеваме дека прекинот на огнот ќе биде траен“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека императив е меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел за целосно да се придржува до прекинот на огнот и да обезбеди репарации за штетата што ја предизвика во Либан.
Туркије изрази подготвеност да ја обезбеди сета потребна поддршка за воспоставување внатрешен мир во Либан.
„Ја користиме оваа можност да потсетиме дека за да се обезбеди регионален мир и стабилност, мора да биде прогласен траен и сеопфатен прекин на огнот во Газа што е можно поскоро, а Израел мора да ја прекине својата агресивна политика“, се вели во соопштението од Анкара.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, постигнат со дипломатски напори на САД и Франција, стапи на сила утрово во 4 часот по локално време (3:00 часот по средноевропско време).