Mücahit Aydemir
07 Јули 2022•Ажурирај: 08 Јули 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) - Новиот договор меѓу Туркије и Израел се очекува да го отвори патот за обновување на летовите меѓу двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Новиот билатерален турско-израелски договор за воздухопловство ќе биде потпишан денеска за првпат од 1951 година“, се вели во соопштението на прес-службата на израелскиот Кабинет.
Одлуката е донесена по состанокот на министрите за транспорт на двете земји пред неколку месеци.
Како дел од договорот, „летовите меѓу двете земји ќе продолжат“.
„Односите за авијацијата се стратешка алатка за економскиот развој на Израел и од особено значење за регионалната позиција на Израел“, изјави израелскиот министер за транспорт, Мерав Михаели.